Ја почитуваме вашата приватност

Нашата страница за да работи правилно и за да ги унапредуваме постојано нашите услуги, користиме колачиња. Во случај да сакате да го оневозможите користењето на колачиња, некои делови од страницата може да ви станат недостапни. Прочитајте повеќе во Условите за користење.

Видови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки

Услови за користење на содржината на web страницата Coolinarika.mk


Во продолжение се наоѓаат правилата и условите под кои можете да ги користите содржините на Coolinarika. Затоа Ве молиме со нив да се запознаете пред да почнете со нивното користење. Така ќе ги избегнеме подоцнежните евентуални недоразбирања и последици во врска со тоа.

Coolinarika е регистриран жиг на Подравка АД.
Web страницата COOLINARIKA.MK (понатака во текстот: Coolinarika) ја започна и ја уредува Подравка АД (понатака во текстот: Подравка или ние).
Овие услови за користење се однесуваат на користењето на web страницата на Coolinarika.

Со првото користење на web страницата на Coolinarika ќе сметаме дека во целост сте се запознале со овие услови, дека Ви се јасни и дека ги прифаќате. Ако не сте согласни со нив, Ве молиме да не пристапувате на Coolinarika и да не ги користите нејзините содржини.

Изгледот и содржината на Coolinarika и условите за користење можеме од одредени причини да ги измениме, затоа Ве молиме истите повремено да ги проучите, за да се запознаете со можните промени. Сметаме дека вашето дополнително користење на Coolinarika ќе претставува ваша согласност за сите евентуални измени.

Колачиња (така наречени cookies)

Колачиња (така наречени cookies) се минијатурни датотеки кои се складираат на компјутер или мобилен уред кога ќе посетиме некоја web страница. Колачињата и дозволуваат на wеб страницата да ги “запамети” активностите или поставките на посетителите од претходните посети, за да може при следната посета автоматски да ги примени. Coolinarika користи така наречени колачиња (cookies) – група на податоци кои служат како ваш анонимен индивидуален идентификатор, на начин web локацијата да ги испраќа до вашиот пребарувач и да ги складира на вашиот компјутер. Колачињата се користат за функционирање на сите карактеристики на web локацијата и подобро корисничко искуство.

Колачињата може да ги поделиме на привремени (session cookies) или трајни (persistent cookies). Привремените колачиња привремено се складираат на компјутер и автоматски се бришат по затворање на web пребарувачот. Се користат за добивање привремени податоци како на пример состојба на вашата кошничка во web shop.

Трајните колачиња остануваат складирани на вашиот компјутер и по затворање на web пребарувачот, но најчесто имаат рок на траење. Таквите колачиња се користат за да се олесни пристапот до регистрираните корисници и да се складираат податоци како што се корисничко имиња и лозинки што овозможуваат “запамети ме” функционалност при пријавување, така да не морате да го впишувате корисничко име и лозинка секој пат кога ја посетувате таа web страница. Трајните колачиња можат на компјутерот да останат складирани со денови, месеци, па дури и години.

Колачињата уште ги делиме и на колачиња од прва и колачиња од трета страна. Колачињата од прва страна доаѓаат од web локацијата на која сте во моментов, додека колачиња од трета страна доаѓаат преку огласи или преку надворешни сервиси од други web места. Колачињата од прва страна, освен за правилно функционирање на web страницата, се користат и за статистичко следење на активностите на web страницата. Податоците кои за таа цел се прибираат ја вклучуваат IP адресата на корисникот, податоците за пребарувачот, јазикот, оперативниот систем и други стандардни статистички податоци кои се прибираат и анализираат исклучиво во анонимна и масовна форма.

При пристапување на web локацијата, колачињата на Coolinarika ги идентификуваат параметрите на пребарувачот, но не и на самите корисници. Накратко, целта на колачињата е добронамерна, не се штетни и не можат да донесат вируси и овозможуваат подобро корисничко искуство при сурфање.

Доколку не сте согласни со употребата на колачињата, можете лесно да ги избришете (или спречите) на вашиот компјутер со помош на поставки од пребарувачот кои ги користите. Повеќе информации за управување со колачињата достапни се на страниците на пребарувачот кој ги користите или на www.allaboutcookies.org.

Бидејќи целта на колачињата е подобрување и овозможување на што подобро корисничко искуство на користење на нашата web локација и нејзините процеси во целост на нивната функционалност, напомнуваме дека со спречување или бришење на колачињата може да го оневозможите функционирањето на карактеристиките на web локацијата или да предизвикаат поинаква работа и изглед во вашиот пребарувач.

Статистика на користењето на web страницата

Web страницата Coolinarika користи алат Google Analytics за статистичко следење на корисничките активности. Корисничката активност се следи заради обезбедување на правилно функционирање на web страницата со цел за унапредување на страницата и подобрување на корисничкото искуство. Google Analytics не овозможува идентификација на корисникот, иако обработува некои видови на приватни податоци како што се IP адреси. Тоа се постигнува со агрегирање на податоците и со техники на анонимизација како што е маскирање на IP адресите.

За да Ви дадеме подобро корисничко искуство и ефикасно да ги планираме идните активности, го користиме алатот Google Analytics Advertising Reporting Features кој дава увид во податоците за полот, возраста и интересите на корисникот. Овие податоци се врз основа на колачињата од трета страна, исто така се анонимни и не можат да послужат за идентификација на корисникот.

Детални информации за оваа услуга и колачињата кои ги користи, како и за можностите на корисникот да го регулира следењето на сопствените активности, достапни се на: http://www.google.com/analytics/learn/privacy.html.

КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА COOLINARIKA

Користењето на материјалите и содржината на Coolinarika дозволено е само за лични цели.

НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ:

  1. користењето на која било содржина или нејзин дел во комерцијални цели, без наша претходна писмена дозвола која може да биде дадена во форма на соодветна CC лиценца. Користењето во комерцијални цели се смета како остварување на парична добивка непосредно (со продажба, нудење и/или рекламирање на содржини кои содржат материјали објавени на Coolinarika) и посредно (со користење на содржината на Интернет, на платформи каде што се објавуваат платени огласи и слично)
  2. користење на содржината и функционалноста на Coolinarika на начин кој на нас може да ни предизвика штета, на други корисници, наши партнери или на кое било трето лице
  3. какво било попречување или оневозможување на користењето на Coolinarika на други корисници
  4. неовластено прибирање, складирање, пренесување и користење какви било лични податоци на корисникот Coolinarika

Не одговараме за каква било штета, директна или индиректна, која би била предизвикана од таква постапка врз кој било корисник или трето лице.

При користење на содржината на Coolinarika согласни сте дека, до најголема мерка на дозволените важечки правни прописи, Подравка не прифаќа каква било одговорност за која било постапка или пропуст при вчитување или размена на содржината ниту нивни можни последици, како ни одговорност за штета предизвикана врз други корисници или трети лица заради објавување на таква содржина.

СОДРЖИНА НА COOLINARIKA и ПРАВО НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

На Coolinarika Ви овозможуваме да користите разни содржини.

Ќе вложиме разумни напори Coolinarika и сите нејзини содржини да Ви бидат достапни во кое било време, во согласност со овие услови на користење.

До најголема мерка на дозволените важечки правни прописи ја отстрануваме нашата одговорност за каква било штета предизвикана врз други корисници или трети лица во врска со користење или со доверба во која било содржина.

На страниците на Coolinarika се појавуваат материјали чија содржина е заштитена со авторско право (на пр. текстови, фотографии, цртежи) и други права на интелектуална сопственост (логотипи, заштитни знаци и сл.). Секој корисник на web страницата на Coolinarika прифаќа сопствена одговорност за почитување на туѓо авторско право и други права на интелектуална сопственост кои се однесуваат на содржини достапни на web страницата на Coolinarika. Затоа Ве молиме добро да се запознаете со содржината на овој дел за во целост да ги почитувате туѓите права на интелектуална сопственост.

Општи правила. Содржините заштитени со интелектуална сопственост како корисници можете да ги користите само за лична, некомерцијална цел. Подравка е носител на сите права на интелектуална сопственост на Coolinarika освен ако не е поинаку наведено.

НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ:

  1. користење на содржините кои се наоѓаат на Coolinarika во комерцијални цели, што вклучуваат преземање, репродуцирање, изнајмување, дистрибуирање, објавување во јавност, јавно излагање и прикажување без претходно писмено одобрување од Подравка
  2. содржините кои се наоѓаат на Coolinarika да се користат за промотивни цели, односно огласување на кој било производ или услуга без претходно писмено одобрение од Подравка
  3. содржините кои се наоѓаат на Coolinarika да се користат за продажни цели на кој било производ или услуга без претходно писмено одобрение од Подравка
  4. измена, преведување, адаптација или која било друга преработка на такви содржини во комерцијални цели без претходно писмено одобрение од Подравка

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ЗА ШТЕТА

И покрај вложените разумни напори, не гарантираме дека Coolinarika, односно сите нејзини содржини секогаш ќе бидат достапни и на располагање, и дека нема да содржат грешки и компјутерски програми кои би можеле да предизвикаат штета врз другите корисници или трети лица (на пр. вируси, црви и сл.).

До најголема мерка на дозволените важечки правни прописи ја исклучуваме одговорноста:

  1. за каква било штета која корисниците или трети лица ќе ја предизвикаат или претрпат во врска со користење на web страницата, особено во случај на злоупотреба, уништување или оштетување на содржината или функциите, и сл.
  2. за штета настаната врз корисниците и/или трети лица поради привремена недостапност на web страницата, односно одделни содржини или функции
  3. за каква било штета предизвикана врз корисниците или трети лица со измени или укинување на одделни содржини, функции, услуги, дизајн, концепции на Coolinarika или на целата Coolinarika

Датум на последната измена: 23.8.2019 година